
Во месец февруари, како што велат од ЦУК, се примаа повици само од територијата на Скопје, и примени се 11 321 повици, а просекот беше околу 629 повици дневно.
Од 01.03.2022 година се започна со прием на повици на 112 од цела територија на државава. Во март примени се 55 767 повици и просекот за март е 1 799 повици дневно. Во април примени се 42 100 повици или во просек 1 403 повици дневно. Во мај примени се 44 839 повици или во просек 1 446 повици дневно. Во јуни примени се 41 759 повици или во просек 1 392 повици дневно. Во јули примени се 44 467 повици или во просек 1 434 повици дневно. Во август примени се 47 553 повици или во просек 1 534 повици дневно, информираат од ЦУК.
извор: nezavisen.mk