
Веќе нема да важи стариот систем на субвенционирање каде што земјоделците довиваа субвенции без обврска да прикажат доказ дека оствариле производство.
Новиот модел го подразбира токму тоа - сите земјоделци да докажат дека имаат остварено и предадено производство за да ги добијат сите субвенции.
Овој нов модел на субвенционирање се воведува по 15 години. Превидена е основна субвенција од 30 проценти авансно за одржување на земјиштето во обработлива состојба, а дополнителна поддршка ќе следува за производство на стратешките култури, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Додаваат и дека се воведува нова мерка: бизнис-план за набавка на земјоделска опрема и производство на финални производи. Не е предвидено кратење на субвенции, туку поефикасна распределба и побрза исплата, а фокусот се става на стратешките култури.
Очекувањата на министерството од новиот модел на финансиска поддршка е стабилно домашно земјоделско производство и намален увоз.
извор: skopjeinfo.mk