Како би постапиле вие во ваква ситуација?
Девет членови на активистичката група Scientist Rebell влегле во салонот на Autostadt, односно во музејот и изложбениот салон во фабриката на Volkswagen во Волфсбург, се намачкале со лепак и седнале на подот помеѓу изложените автомобили.
Фотографиите набрзо се проширија на социјалните мрежи.
Тоа беше нивен протест и тие се промовираат како „група научници кои се подготвени да ја кажат вистината за климатските промени и да дејствуваат според неа“. Но, во овој случај, активистите биле изненадени од реакцијата на вработените, кои го исклучиле парното, ја заклучиле вратата и си заминале дома по работниот ден. Членовите на групата Scientist Rebell се огласија на Твитер за ситуацијата.
Тие напишаа дека „вработените не им дадоа ниту чинија да уринираат, а ноќта беше студена и темна“ и ги обвинија работниците дека ги занемариле основните потреби на демонстрантите.
Еден од демонстрантите, Џанлука Грималди, напоменал дека дел од демонстрантите штрајкуваат со глад додека не се исполнат нивните барања за декарбонизација на германскиот транспортен сектор, односно бараат намалување на емисиите на CO2 во атмосферата.
„Не можеме сами да си нарачаме храна, мораме да јадеме што ни дава Фолксваген. Изгаснати светлата. Случајни ненајавени проверки од обезбедувањето со светлечки ламби…“, напишал тој.
Имено, активистите го прозиваат Фолксваген, еден од најголемите производители на автомобили во земјава, бидејќи сакаат да ја засилат борбата против загадувањето. Фолксваген јавно вети дека ќе помогне да се направат чекори кон позелена иднина.
Together with 15 other members of @ScientistRebel1 I have occupied the Porsche pavillion at @Autostadt, 9 of us glued to the floor and some of us on hunger strike until our demands to decarbonise the German transport sector are met
Актуелно
- МВР објави оглас, се бараат вработени за овие позиции
ЈАВЕН ОГЛАС
- Објавена листата на најубавите Божиќни базари во Европа
Интернет-страницата „Тајмаут“ (Time Out) објави листа на најдобрите божикни базари, кои не се само места каде што може да се ужива во греено вино или топло чоколадо, туку се и вистински мали „земји на чудата“…
- Контроли на патарините низ државата, за неплаќачите казни од по 200 евра
Јавното претпријатије за државни патишта спроведе 13 контролни акции на наплатните станици Гостивар, Тетово, Желино, Петровец, Миладиновци и Отовица каде се изречени мандатни казни од по 200 евра на сите кои се обиделе да избегнат плаќање патарина.
- БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?
Умаг ќе им исплати најголем божиќен бонус на пензионерите – од 30 до 600 евра.
- Прогласен е за најдолг збор на германски јазик и има дури 67 БУКВИ! Можете ли да го изговорите ова?
Не толку мелодичен, но еден од најважните јазици, особено во деловниот свет, е германскиот. А речникот на германскиот јазик го избра најдолгиот збор кој содржи дури 67 букви...
- Позитива на денот: 61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за Гинекологија
Во ретка и значајна медицинска постапка, 61-годишна жена го роди своето прво дете на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Според директорката на клиниката за Гинекологија и Акушерство, оваа жена е најстарата која го постигнала овој подвиг во Македонија.