
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денеска поради санирање дефект на приклучок на цевка од ф2 на улицата Тетовска бр. 38, прекинато водоснабдување имаат корисниците на следните улици: Тетовска, Стив Наумов, Свештарот, дел од булеватот Кочо Рацин, Полициската станица Пролеќе, амбулантата „Пролеќе“, градинката и СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на дефектот!