Од секогаш слушаме колку е важно да штедиме, но многу луѓе имаат недоумица околу тоа како да заштедат и кој е најдобриот начин за чување на пари.
Советите на стручњаците се да не купувате импулсивно, однапред да пресметате и да чувате секогаш на страна барем мала сума пари. Така со текот на времето ќе развиете навика за штедење.
Штедењето нуди бројни придобивки: можеме да постигнеме сè што сакаме или планираме за иднината, безбедни сме кога ќе се најдеме во непредвидени и ненадејни ситуации кои подразбираат дополнителни трошоци, а дополнително, одвојувањето пари на страна може да ни обезбеди заработка.
Заборавете на криењето пари сами од себе, под душекот, во фиоки или на различни места кои ги сметате за безбедни. Експертите препорачуваат да ги чувате парите во банка не само затоа што таму се најбезбедни, туку и затоа што ви даваат можност да заработите благодарение на каматата.
При изборот на банка, постојат различни критериуми според кои луѓето се водат. Некои ја избираат онаа што има исклучително распространета мрежа на филијали и банкомати, други се грижат само за каматата, додека искусните избираат сигурна и стабилна банка. Експертите велат дека најважно е да се соберат сите информации за услугите што се нудат на пазарот, по што се прави скратен список.
Занимливости
Интернет-страницата „Тајмаут“ (Time Out) објави листа на најдобрите божикни базари, кои не се само места каде што може да се ужива во греено вино или топло чоколадо, туку се и вистински мали „земји на чудата“… Постојано слушаме колку е важен осумчасовниот сон. Но, ретко кој може да си го дозволи тоа во денешно време, бидејќи често, колку и да се трудиме, сонот не ни доаѓа. Како што празниците се приближуваат, сè почесто се поставува прашањето – кога е вистинско време за китење на елката – симболот на радоста, заедништвото и надежта. Идеалното време за украсување често зависи од семејните традиции, културните обичаи и личните преференции. Босански претприемач ја репродуцирал познатата слика на Ван Гог во пејзаж Од Копривница, Хрватска, зачинот Вегета стаса до кујнските полици ширум светот на пет континенти. Меѓутоа додека речиси сите ја знаат Вегета, малкумина знаат кој го создал овој вкусен зачин. На возачите им се препорачува редовно да ги проверуваат своите автомобили и периодично да го палат моторот за да избегнат проблеми.