
Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со потребата за донесување програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија на домашни и странски превозници, за периодот од 2023-2025 година.
Донесена е и Уредба за начинот и критериумите за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација којашто треба да се достави од страна на корисниците на финансиската поддршка.
Согласно овие одлуки, Владата, преку Министерството за транспорт и врски, во следниот период, ќе распише и јавен повик.
извор: biznisinfo.mk