
Eднодневен штрајк за понеделник, 3 септември најавија грчките фериботски компании.
Штрајкуваат за да им се зголемат платите на морнарите и да се подобрат условите за работа веќе седма година по ред.
Се информираат туристите кои ќе патуваат на некој од грчките острови тој ден, а платиле траектни билети, задолжително да ја проверат ситуацијата во своите туристички агенции.
Како што се наведува, на патниците што резервирале траектни билети за 3 септември им се препорачува да ја проверат состојбата во своите туристички агенции или да се јават во локалното пристаниште за дополнителни информации, а на патниците чие патување им беше откажано поради штрајкот, но билетите ги платиле однапред, целосно ќе им бидат вратени парите.
извор: faktor.mk