
Британска Детска Академија – Скопје работи повеќе од 16 години во областа на воспитување и едукација на деца од претшколска возраст. Професионалноста и правилниот пристап во грижата на децата им овозможува да добијат индивидуален и холистички пристап во текот на целиот воспитно-образовен процес.
Бараме мотивирана и посветена личност која ќе стане дел од нашиот тим, и нудиме работа во позитивна атмосфера, со редовни месечни примања и континуирана едукација.
Воспитувач во предучилишна установа
Сите детали погледнете ги на линкот
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Воспитувачот ја врши воспитно образовната дејност во градинката; изготвува месечен и годишен план согласно програмата за работа со деца; ја следи работата и поведението на секое дете и работи на негово развивање и унапредување; води педагошка евиденција; врши други работи за потребите на градинката.