
Се работи за простор на површина од 250 квадратни метри, во кој се поставени 16 тезги. Лоциран е на местото од поранешниот див пазар кој функционираше во субстандардни услови.
Би можело да ве интересира: Над 400 семејства добиваат субвенција за огревно дрво од Кисела Вода
Новиот современ објект е граден по сите стандарди и прописи и ја надополнува естетиката на центарот на Кисела Вода, каде егзистираат Домот на култура “Билјана Беличанец” и паркот “Македонија”.
Градоначалникот во своето обраќање му се заблагодари на Министерството за локална самоуправа и најави дека затворен пазар наскоро ќе добијат и жителите на населбата Драчево.