
Просечната годишна приспособена плата за полно работно време за вработените во ЕУ во 2021 година изнесува 33.500 евра, објави Евростат.
Меѓу членките на ЕУ, највисока просечна плата е забележана во Луксембург од 72.200 евра, потоа Данска со 63.300 евра и Ирска со 50.300 евра.
Би можело да ве интересира: Идеално место за работа и просечна плата од над 3.000 евра
Најниски плати имаат Бугарија (10.300 евра), Унгарија (12.600 евра) и Романија (13.000 евра).
Меѓу земјите од бивша Југославија највисока просечна годишна плата има Словенија – 28.760 евра, додека во Хрватска просечната е 16.170 евра.