![Од 60 на 100 денари за еден час – поскапува паркингот во некои зони во Охрид](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/f7/a9dff37f-resize-820x0x100.jpg)
Од денеска (1 Април) поскапува паркингот во Охрид од 60 на 100 денари по час, а паркингот со СМС порака ќе поскапи за 10 денари. Поради недостигот од паркинг места, ЈП “Билјанини извори“ воведе измена, делејќи ги периодите на 6 месеци, летно паркирање и зимско паркирање.
Во Охрид има 600 паркинг места за автомобили, а во текот на летото се отвораат дополнителни 300 поради туристичката сезона, но и тоа не е доволно. Катна гаража би помогнала за решавање на проблемот вели директорот на ЈП, Теодор Андоноски.
Во Охрид нема бесплатен паркинг освен за време на верски празници, поради тоа што Охрид е туристичко место. Во Охрид има и хуманитарни паркинзи, чии средства се наменети за деца и семејства во социјален ризик.