
Преку два гранта од 10.000 и 20.000 евра даваме поддршка на младите активно да се вклучат во земјоделството со сопствено земјоделско стопанство, а младите земјоделци се ослободени од надоместокот за закуп на државното земјоделско земјиште.
За прв пат од оваа година обезбедивме и стипендии за студентите на земјоделскиот, шумарскиот и ветеринарниот факултет во висина од 18.000 денари за девет месеци.
Би можело да ве интересира: Ученици и млади ќе го надополнуваат дефицитот во хотелско-угостителскиот сектор
На најдобрите студенти од овие факултети им нудиме можност за платена пракса во институциите и можност за стекнување нови вештини. Посветено се грижиме и вложуваме во секој млад човек, објави министерот за земјоделие Љупчо Николовски .