
Извор: faktor.mk
Над 21.000 луѓе ја дознаа вистинската плата за својата работа. Те интересира платата за твоето работно место?
Извор: faktor.mk
Во последниве години, има зголемување на сајбер нападите ширум светот, а некои земји се особено ранливи на сајбер криминалци поддржани од други земји. Од друга страна, вештачката интелигенција им овозможи на сајбер-криминалците да вршат уште пософистицирани напади и потешки за откривање, кои ги загрозуваат не само обичните граѓани, туку и цели компании и организации.
Во декември 2024, просечната нето плата во Македонија изнесувала 43.587 денари, што претставува зголемување од 9% во однос на истиот месец во 2023 година, според податоците на Државниот завод за статистика.
Скопската кафетерија „The Dude Specialty Coffee“, којашто веќе четири и пол години го нуди најдоброто кафе во македонскиот главен град, доби признание за својата страст и посветеност во работењето – влезе во престижната топ-листа „Најдобри 100 кафетерии во светот“ (The Worlds 100 best coffee shops) во склоп на Мадридскиот кафе-фестивал. Во конкуренција од кафетерии од сите континенти, „Дуд спешлти кофи“ го освои 63. место.
Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 10 989 илјади во четвртото тримесечје од 2024 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 1.6 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Италија има најстаро население во Европа, а просечната возраст во земјата е 48,7 години, соопшти денеска Евростат.
Ако имате проблем со будењето и се чувствувате уморни и покрај тоа што спиете доволно, проблемот веројатно е во времето кога легнувате. Според д-р Чарлс Пуза, времето во кое одите во кревет е клучно за да ги поминете сите важни фази од сонот.