
Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија објави оглас за вработување на седум пилоти на неопределено работно време.
На објавениот оглас се бараат:
- еден раководител на одделение за специјализирани услуги со воздухопловите со плата од 71 980 денари,
- четири пилоти во авиоодделение, со плата од 62 342 денари,
- еден воздухопловен механичар-техничар со плата од 36 163 и
- еден воздухопловен механичар-техничар со плата од 36 163 денари.
Повеќе информации може да се добијат во Дирекцијата.