
Секој што ќе се врати од странство во своето родно место ќе добие 1.000 евра
Со оваа мерка хрватската општина Градец им пркоси на Германија и Ирска, земји во кои се иселиле најголем број хрватски државјани.
Целта е да се вратат младите во родното место, вели градоначалникот на Градец, Матко Буриќ.
Секој повратник кој ќе го повлече носталгија и среќата ќе ја побара на подрачјето на градската општина ќе добие половина од износот по склучување на договор со општината, а втората половина после година дена поминати на подрачјето на Градец.
Сепак, тука нема да бидат опфатени луѓето кои се на сезонска работа во БиХ или Словенија на пример.
Прочитај: Швајцарија ве повикува: “Доселете се во нашата држава и ќе заработите по 60.000 евра”