
Управата за јавни приходи ја објави листата број 11 на должници, претпоследна за оваа година. Листата се однесува за долгови доспеани до 31.07.2018 година и неплатени до 31.10.2018 година.
Вкупниот износ на долгот за физички лица и самостојни вршители на дејност е повисок од 120.000 денари, додека за правните е повисок од 300.000 денари.
Листата на должници можете да ја најдете на официјалната веб страница на Управата за јавни приходи.