Дроновите се поприсутни на работните места и го менуваат начинот на кој се извршуваат работите, а исто така им овозможуваат на компаниите да штедат време, да ја зголемат безбедноста и да ги намалат трошоците. Новата идеја е да ги заменат луѓето што мијат прозорци на високи објекти.
Компанијата „Аеронес“ од Летонија произведе огромен дрон за миење прозорци, а негова задача е да ги замени луѓето во чистењето прозорци на високи објекти.
Компанијата „Аеронес“ првпат стана позната во 2017 година кога го искористи своето летало за спасување, а сега тврди дека нејзиниот дрон за миење прозорци може да работи 20 пати побрзо во споредба со традиционалните методи, а притоа работата е многу побезбедна.
Леталото е широко три метри, има 12 пропелери и е опремено со црева, сунѓери и камери. Со него далечински управува човек, кој го следи процесот на миење.
Дронот се напојува со помош на кабел, поврзан со батерија на земјата, а вода преку црева доаѓа од резервоар, кој исто така се наоѓа на земјата. Моменталниот дизајн му овозможува на дронот да достигне височина од 350 метри, но со натамошен развој таа височина може да се зголеми.
„Аеронес“ осмисли и сопствен стабилизациски систем за да може дронот да се носи со лошите временски услови.
Во случај дронот да доживее катастрофален дефект при летот, леталото кое е тешко 55 килограми нема да падне врз никого бидејќи со кабел е зацврстен за врвот на зградата.
Компанијата размислува и да им помогне на пожарникарите со поинаква верзија на дрон, а третата верзија, која е претставена претходно оваа година, може да се користи за проверка и чистење на големи ветерници.
извор: факултети.мк
Дронови ќе ги заменат перачите на прозорци
Актуелно
-
МВР објави оглас, се бараат вработени за овие позиции
ЈАВЕН ОГЛАС
-
Објавена листата на најубавите Божиќни базари во Европа
Интернет-страницата „Тајмаут“ (Time Out) објави листа на најдобрите божикни базари, кои не се само места каде што може да се ужива во греено вино или топло чоколадо, туку се и вистински мали „земји на чудата“…
-
Контроли на патарините низ државата, за неплаќачите казни од по 200 евра
Јавното претпријатије за државни патишта спроведе 13 контролни акции на наплатните станици Гостивар, Тетово, Желино, Петровец, Миладиновци и Отовица каде се изречени мандатни казни од по 200 евра на сите кои се обиделе да избегнат плаќање патарина.
-
БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?
Умаг ќе им исплати најголем божиќен бонус на пензионерите – од 30 до 600 евра.
-
Прогласен е за најдолг збор на германски јазик и има дури 67 БУКВИ! Можете ли да го изговорите ова?
Не толку мелодичен, но еден од најважните јазици, особено во деловниот свет, е германскиот. А речникот на германскиот јазик го избра најдолгиот збор кој содржи дури 67 букви...
-
Позитива на денот: 61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за Гинекологија
Во ретка и значајна медицинска постапка, 61-годишна жена го роди своето прво дете на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Според директорката на клиниката за Гинекологија и Акушерство, оваа жена е најстарата која го постигнала овој подвиг во Македонија.