
Google е основан во 1998 година од компјутерските научници Лари Пејџ и Сергеј Брин – но дали знаете што всушност значи зборот?
Со текот на времето, брендот стана многу повеќе од синоним за пребарувач, бидејќи компанијата исто така управува со услуги како што се Gmail, YouTube и многу други.
Името Google всушност доаѓа од погрешно напишан збор „Googol“ – станува збор за бројот кој се пишува како 1 и сто нули по него.
Ова име беше избрано за да ја одрази мисијата на Лари и Сергеј „да ги организираат информациите во светот и да ги направат универзално достапни и корисни“, а интересно е што пред ова Google се нарекуваше Bakcrub (слободен превод: масажа на грбот).
Некои корисници, сепак, веруваат дека Google е всушност акроним за „Глобална организација на ориентиран групен јазик на Земјата“, но сè уште нема доволно докази за тоа.