
На 8 септември 2024 година, во Маврово ќе се одржи петтата по ред трка „Халк Вело Грин“ , поради што ќе има промена во сообраќајниот режим.
Со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на трката, на 8 септември во периодот од 09:00 до 16:30 часот, сообраќајот ќе биде затворен на патниот правец од хотелот Бистра до Леуново во двете насоки.
Почетокот на трката е закажан за 10:00 часот, а ќе учествуваат околу 300 велосипедисти кои ќе возат трка долга 22, односно 12 километри.