
Во деновите од викендов и во почетокот на следната седмица времето ќе биде стабилно со студени утра. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури. Нов влажен бран се очекува во среда кон крајот на денот.
Минималната утринска температура ќе се спушти до минус осум, а максималната дневна ќе достигне 17 степени
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Извор:vecer.press