Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, не очекува просечната цена на струјата за домаќинствата да се зголеми за повеќе од еден процент, почнувајќи од 1 јануари идната година.
Ваквата проценка ја темели на цените кои РКЕ ги одреди за мрежарината, за преносот и за дистрибуцијата на елктричната енергија, како и врз основа на понудената цена од страна на ЕСМ до универзалниот снабдувач ЕВН хоум која изнесува 62 евра за мегават час.
Колкаво ќе биде точно зголемувањето на цената на електричната енергија, како и цената по одделни блокови на потрошувачи, ќе биде познато деновиве откако пресметките ќе ги направи ЕВН хоум кој како универзален снабдувач е надлежен за тоа и потоа таквите цени ќе ги достави до РКЕ на контрола и на конечно одобрување. Цените ќе се однесуваат на регулираниот пазар на електрична енергија преку кој се снабдуваат домаќинствата и малите потрошувачи.
„Имајќи во предвид дека веќе ја знаеме и цената која што ја пријави и ЕСМ на тендерот на универзалниот снабдувач, која што изнесува 62 евра за мегават час, јас не очекувам покачувањето на електричната енергија на просечната цена за домаќинствата да биде поголемо од еден процент“, рече Бислимоски на денешната прес конференција и додаде:
„Делот којшто е најбитен и се однесува на домаќинствата и на најголем дел од малите потрошувачи, односно мрежарината, вклучувајќи го преносот и дистрибуцијата, таму имаме намалување за седум проценти“, рече Бислимоски.
Целата вест прочитајте ја на: radioslobodnaevropa.mk