Сè повеќе дигитални номади од Европа и пошироко ги посетуваат Скопје, Охрид, Маврово и други делови од Македонија. Нив ги привлекуваат ниските трошоци за живот, природните убавини и чистиот воздух. Според издавачите на сместувачки капацитети, овие гости остануваат од неколку недели до неколку месеци, барајќи удобност и локации блиску до езера или планини.
По пандемијата, интересот за Македонија значително се зголеми, а Скопје беше прогласено за најдобар европски град за дигитални номади во 2023 година по што следуваа Сараево во Босна и Херцеговина(БиХ) и Кишинев во Молдавија, според британскиот магазин „Тајм аут“. Ова признание ја става земјата на мапата како атрактивна дестинација за луѓето кои работат и патуваат. Експертите за патувања од кредитната компанија „Нортон фајненс“ оценувале 184 земји, земајќи ги предвид факторите: просечна кирија, комунални услуги, транспорт, фитнес-сала и трошоци за интернет, заедно со трошоците за повратен лет од Обединетото Кралство.
Иако трошоците се конкурентни, експертите велат дека е потребна дополнителна промоција за да се зголеми свеста за потенцијалите на Македонија кај дигиталните номади.
Целиот текст прочитајте го на: faktor.mk