
Како најголем приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, повеќе од две децении одговорно ја градиме нашата репутација. Нашите почетоци се во 2001 година, со седиште во Белград, за подоцна да ја прошириме работата на уште 10 пазари. Со повеќе од 1.200 работни места и над 5.500 вработени, ние сме апсолутен регионален лидер во оваа индустрија. Посветени сме на развивање и негување на стручноста на нашите вработени, а истовремено се грижиме за напредокот во кариерата.
Брендот Mozzart во Македонија е присутен од 2008 година. Благодарение на добро смислениот бизнис модел за кратко време станавме лидер на пазарот во Македонија. Севкупната работна филозофија на компанијата е заснована врз основа на модерни бизнис принципи со постојано подобрување на услугите. Со мрежа од преку 170 уплатно исплатни места и над 20 автомат клубови, Mozzart целосно ја покрива територијата на Македонија и во моментов е работодавач на повеќе од 800 вработени. Постојано го подобруваме нашето работење и услуги, следејќи го напредокот во технологијата и поттикнувајќи ги иновациите. Со општествено одговорна работа и грижа за вработените, внимателно изградивме репутација на најпосакуван работодавач.
Зоштo ние?
Свесни сме дека корпоративниот успех зависи од задоволството на вработените, затоа создаваме позитивно и мотивирачко работно опкружување. Бидејќи сме тимски ориентирани, организираме различни собири и активности што го зајакнуваат тимскиот дух, како во работно време, така и надвор од него. Веруваме дека отворената комуникација е клучна за успехот, па затоа ги вреднуваме идеите и предлозите на нашите вработени. Нашата цел е да поттикнеме соработка, професионален развој и продуктивност во пријателска и поддржувачка средина.
Начинот на кој функционира нашата компанија е толку посебен што нашите идни вработени не треба да имаат ни најмал сомнеж дека работењето за нас ќе им биде едно од најважните професионални искуства во животот.
Развиваме “развој”
Луѓето не се менуваат, тие се развиваат. Наша водилка во бизнисот е девизата дека развојот на луѓето оди во две паралелни насоки, а тоа се развој во насока на компетенции и струка како прва насока, и познавање на бизнисот како втора. Во пракса, ова значи дека постојано се запознаваме со тековните деловни иницијативи, нови производи, тековни проекти, процеси во кои очекуваме промена како краен ефект на развојот. Познавањето на бизнисот и улогата на вработените ни ја даваат потребната поширока перспектива врз основа на која ја препознаваме меѓусебната поврзаност на процесот и интерната база на знаење која е извор на скапоцени прилики за развој.
Грижа за вработените – Клучот за успехот на Mozzart
Во Mozzart Македонија, веруваме дека задоволните и мотивирани вработени се двигателот на нашиот успех. Затоа, постојано вложуваме во создавање подобри услови за работа, наградување на трудот и поддршка на личниот и професионалниот развој. Нашите бенефиции не се само дополнителни придобивки – тие се дел од нашата култура, преку која ги поттикнуваме вработените да напредуваат, да се чувствуваат сигурно и да имаат баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Со различни програми за наградување, можности за унапредување, обуки и грижа за благосостојбата, нудиме средина каде што секој вработен може да го достигне својот полн потенцијал. Затоа, Mozzart Македонија е повеќе од работно место – тоа е место каде што луѓето растат, се развиваат и уживаат во својата кариера!
Компанија со врвни стандарди и квалитет
Слободно може да кажеме дека нашата компанија е горд носител на три престижни ISO сертификати – ISO 9001 (управување со квалитет), ISO 27001 (информациона безбедност) и ISO 14001 (заштита на животната средина), што е потврда за нашата посветеност на врвни деловни практики. Овие стандарди гарантираат квалитетна услуга, заштита на податоците и одговорност кон животната средина, правејќи ја нашата компанија сигурен и одговорен партнер.
Заеднички градиме подобро општесто
Општествената одговорност е неразделен дел од деловната стратегија на Mozzart, присутна во сите наши активности. Секогаш настојуваме да одговориме на барањата за донации и спонзорства, а бројните признанија и благодарници, кои го красат нашето работно опкружување, се најголем доказ за нашата посветеност.
Горди сме на долгиот список на реализирани хуманитарни и општествено корисни проекти. Нашата поддршка стигнала до здравствени институции, училишта, градинки, невладини организации, спортски клубови, локални самоуправи и многу други. За нас, секоја година е нов предизвик за уште поголеми достигнувања, со кои не само што го потврдуваме лидерството во приредување игри на среќа, туку и се истакнуваме како пример за одговорна и општествено ангажирана компанија.