![Викенд временска прогноза: Еве какво време не очекува](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/cf/ccfed7fc-resize-820x0x100.jpg)
Нашето подрачје потпадна под влијание на нов студен и влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни, во југоисточните делови ќе бидат претежно од дожд (над 40л/м2), а во останатите од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка.
Денеска дневните температури ќе бидат пониски од претходните денови: Скопје и Маврово 1, Охрид, Битола, Берово и Кавадарци 2, во Крива Паланка 3 и Дојран 5 Целзиусови степени.
За утре временската прогноза е облачно со умерени до обилни врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Дневните температури ќе бидат во Скопје, Охрид и Битола 2 степени, Маврово 0, Кавадарци 4, Крива Паланка 3, Берово 1 и Дојран 4 степени.