
На Македонија и недостасуваат туристички водичи кои говорат француски и особено германски јазик, со со што се јавува проблем, како и на кој начин, германските туристи кои во периодот надвор од туристичката сезона ќе престојуваат во Охрид и Скопје да бидат опслужувани. Станува збор за сериозен проблем кој на краток рок неможе да биде решен.
„Имаме недостаток на водичи на германски јазик.Само тројца се во Охрид, а четворица во Скопје. Недостаток имаме и затоа сега треба да се вложи напор здружението на водичи или со германска амбасада, да се направи една едукација да го изучуваат германскиот јазик,затоа што овој оператор ќе биде тука повеќе години“, рече Љупчо Јузмески-туристички водич од Охрид.
Станува збор за помпезно најавуваните повеќе од 35.000 туристи од Европа, односно од Германија, Франција и Велика Британија, кои во земјава треба да престојуваат надвор од главната туристичка сезона, а кои според премиерот Мицкоски би оставиле повеќе од 50 милиони евра.
„Сега тие кои ги видовме пред малку тие беа водичи од Скопје, кои го говорат германскиот јазик. Тие само ќе преведуваат на другите водичи, кои им говорат германски. Во недостаток на водичи одиме со преведувачи и двапати се плаќа истата работа. И не е исто кога нештото оди двапати со превод.Потребни се водичи на германски јазик.Лиценцирани беа преведувачите“, додаде Љупчо Јузмески-туристички водич од Охрид.
Туристички водичи има многу, но мал е бројот на квалитетни водичи.
„Проблемите со кои се соочуваме се квази водичите.Тоа е лесниот начин на доаѓање до сертификат за туристички водич според сегашната регулатива. Многу малку се инвестира во себе, затоа што со пониска цена успеаваат да фатат работа, а на тој начин многу лоша слика оставаат пред странците, бидејки странците кога ќе видат водич кој не е подготвен да ја рсакаже историјата, географијата, културното наследство тоа е еден чекор назад“, нагласи Бранко Босилков-претседател на здружение на туристички водичи на Македонија .
Првите 170 гости од Германија неодамна пристигнаа во Охрид. Тие ќе доаѓаат се до почетокот на летото.