
Најдоцна за една недела ќе мора да се знае висината на новата минимална плата која ќе треба да се исплаќа на работниците од први април.
Практично, веќе работниците ја одработуваат платата која треба да ја добијат најдоцна до 15 април, но за колку таа ќе биде зголемена не се знае. Во најголем дел од случаите колку се зголемуваше минималецот, за толку и растеа останатите плати во компаниите. Тоа што во моментов загрижува е дека засега нема ниту збор за следна седница на Економско социјалниот совет на која треба да се утврди точната сума која ќе биде законски загарантирана на најниска.
На почетокот на овој месец од ССМ до владата доставија предлог минимална плата да изнесува 500 евра. Ова барање синдикалците го доставија и до Организацијата на работодавачите но и до пратениците. Во предлогот на ССМ стои дека освен законското усогласување согласно со новата методологија кои би се движело од 1.700 до 1.800 денари, а со тоа минималецот би скокнал од 22.500 на 24.400 денари, да има и дополнително зголемување на минималната плата од 6.000 денари. А работодавците од приватниот сектор една година да бидат ослободени од социјалните придонеси, односно државата да ги субвенционира придонесите.
Во моментов околку 30 илјади работници чекаат одлука за новата сума која ќе биде загарантирана како минимална плата. Во моментов Македонија е на самото дно во регионот во однос на сите други држави по висината на минималецот.
Целиот текст прочитајте го на: denar.mk