
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 % во однос на одлуката од 17.03.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,721%, кај дизелот намалувањето е во просек за 0,522%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,706% и кај мазутот намалувањето е за 1,881%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1162%.
Од 25.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 40,755 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,590 ден/кг и сега ќе изнесува 40,755 ден/кг.
Извор: a1on.mk