
Некои луѓе доживуваат треперење во долниот дел од окото, а другиот на горниот капак. Треперењето е честа појава, и може да се случи и на двете очи.
Најчести причини за тоа се :
-Стрес
-Иритација на рожницата или конјкутивата
-Замор
-Недостаток од сон
-Подолго зјапање во екранот на компјутерот или телевизорот
-Нарушување на нервниот систем
-Прекумерна доза на кофеин
Во народните верувања пак се вели дека треперењето на левото око значи лоша среќа, повеќе од милијарда луѓе во Кина веруваат дека тоа е знак на добра среќа.
Додека треперењето на левото око значи среќа, треперењето на десното се смета за лош знак. Во случајот кај жените, ситуацијата е обратна. Треперењето на десното око значи среќа, а на левото лош знак. Исто така се верува дека треперењето на долниот лев капак може да значи дека ќе заплачете или дека некој ве озборува.