![Мој ДДВ: Еве кога ќе „легнат“ првите пари на сметките](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/72/e8256027-resize-820x0x100.jpg)
Мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ е во полн ек, а средствата од повратот остварен во месеците јули, август и септември на граѓаните ќе им бидат исплатени на трансакциските сметки до крајот на декември оваа година.
Од воведувањето на мерката на 1 јули оваа година, парите за првите три месеци ќе бидат на сметките во декември.
По исплатата во декември, ќе следува исплата во текот на месец февруари за месеците октомври, ноември и декември, во април за месеците јануари, февруари и март, во август за месеците април, мај и јуни и во ноември за месеците јули, август и септември.
Во наредниот период Управата за јавни приходи ќе излезе со целосна анализа и податоци за мерката „МојДДВ“ преку којашто ќе се видат придобивките и во однос на намалувањето на сивата економија.