
Супермаркетите и туркање на колички се секојдневие за сите нас. Редовно ги користите, а сигурно никогаш не сте се запрашале за што служат овие наизглед непотребни испакнатини.
На количките за пазарење може да се забележат куки за кои не знаеме за што служат, а и не ги ни забележуваме. Но и тоа како имаат значење. Тие служат за да ги закачите кесите. Со тоа не само што заштедувате простор, туку може да ги заштитите и нежните артикли, како што се јајцата.
Иако скоро секоја количка ги има овие куки, ретко кој од нас ги користи.