Регресот за годишен одмор попознат како К-15 од годинава ќе им следува и на вработените во јавната администрација
Ваквата информација доаѓа по вечерашната владина седница, каде беше соопштено дека колективниот договор за администрацијата во земјава дека доби зелено светло од Владата.
Меѓу многуте поволности кои ќе ги добијат вработените во јавниот сектор е и тоа да добиваат регрес за годишен одмор, познат како К-15.
Инаку, ова е историски договор за администрацијата во Македонија која со години не добиваше К-15.
Се работи за прв договор по 1995-тата година со кој вработните ќе одбиваат дневници за трошоци за превоз, ноќевања за службени патувања и право на платено отсуство заради личнио околности до 7 дена во годината.
Вработените покрај ова ќе добијат и други права.