Сите кои билe барем на еден разговор за работа знаат дека постојат теми и прашања кои не е примерно да се постават.
Несоодветни прашања
Прашањата кои немаат врска со работното место за кое сте се пријавиле се опасни и непожелни. На пример: „А, од каде сте?“ или „Каде сте родени“, „Го познавате ли Стефан, тој кај вас живее“. Работодавецот има право да провери од каде е неговиот кандидат, но несоодветно е да поставува прашања кои воопшто не за важни за работното место.
Бракот и фамилијата се приватна работа
Прашањата за фамилијата се надозволени. Иако работодавците понекогаш сакаат да постават вакви прашања со цел да го опуштат кандидатот, станува збор за тема за која можат да се јават многу непријатности. Прашањата за брачниот статус, сопругот/сопругата, децата, или планирањето на семејството се забранети, особено кога станува збор за жените.
Навиките и религијата не се важни за идната работа
Никој нема право да ве распрашува дали сте верник, дали посетувате црква и слични прашања. Истото важи и за прашањата за вашите лични навики. Затоа, не мора да одговорите на некое прашање за кое сметате дека е премногу лично, провокативно, пренагласено а сепак нема поврзаност со работното место за кое аплицирате.
Доколку се најдете во незгодна ситуација да ви биде поставено вакво прашање, не се расправајте, насмевнете се и променете ја темата на разговор.