
За откинато кокиче на планината Спил, кој е национален парк во Турција, отсега ќе треба да се плати над 11.000 евра, објави приватната телевизија Си-Ен-Ен Турк.
Според новите закони, паричната казна ќе изнесува 73.747 турски лири односно 11.126 евра. Кокичињата се ендемско растение на таа планина во округот Маниса, западна Турција.