
Сонот не познава време и место. Тоа го потврдува и оваа неверојатна случка во САД каде осомничен за кражба бил фатен како спие, олеснувајќи им ја целата работа на истражителите.
Станува збор за 33-годишен човек по име Роберт Ваџерс кој е обвинет за провала, злосторничко однесување, кражба, поседување на фалсификувана исправа и други престапи по инцидентот кој на 11 март се случил во округот Клеј.
Се започнало во средата наутро кога главниот полицаец Клифтон Џоунс и супервизорот Дејви Груб одговориле на пријава за натрапник во куќа во 8 часот и 30 минути.
Кога стасале на местото, го пронашле крадецот како спие во близина на задната врата од куќата кој претходно бил затекнат лично од сопственикот.
Полицаецот Џоунс во неговите џебови пронашол и фалсификувана исправа за сопственост на возилото со кое управувал Ваџерс.