
Тенисерот најави дека ќе донира 1 милион евра преку Фондацијата што ја води со сопругата за респиратори и дополнителна медицинска опрема.
Респираторите во моментов се најпотребата медицинска орпема за спасување на живот, рече Џоковиќ.
Притоа тој додаде дека ќе набави респиратори од Кина и дел од Германија, а најави и дополнителна помош преку Фондацијата.
Ситуацијата е вонредна и секој од нас се обидува да придонесе колку што можеме. Како и со поплавите, нашата фондација ќе отвори посебна сметка и со тоа ќе одговори на барањата на многу луѓе од странство за да можат и тие да помогнат, додава тој.