![Соопштение до сите невработени лица и оние кои останале без работа](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/c9/1df1159c-resize-820x0x100.jpg)
Голем дел од невработеноте лица кои редовно се пријавуваат во Заводот, поради вонредната состојба се во незнаење што да прават. За тоа од Агенцијата за вработување на 1 Април е објавено ново Соопштение еве го во целост!
СООПШТЕНИЕ
Редовното пријавување на невработените лица на 30 дена односно 6 месеци (вклучувајќи ги и корисниците на паричен надоместок и корисниците на социјална парична помош) е запрено, се до истекот на важење на донесените мерки за заштита од коронавирус инфекцијата и истото ќе биде оправдано.
Лицата на кои им престанал работениот однос во изминатиов период на важење на мерките, како и оние лица кои првпат треба да се евидентираат како невработени лица, може да се пријават во надлежните Центри за вработување.