
Наставникот Иван Петрановиќ од основното училиште „Иван Мерц“, кое настрада при земјотресот кој во март го стресе Загреб и во кое учеше и девојчето кое е единствената жртва на земјотресот, стана хит на социјалните мрежи благодарејќи на својата благородна идеја.
Тој ги обиколува своите ученици кои моментално се затворени во своите домови, им свири на укулеле и пее под нивните прозорци за да ги развесели барем малку во овие тешки денови.
Снимките од генијалниот учител брзо се раширија на социјалните мрежи, а заради неговата музика, тажните и пусти Загрепски улици живнаа барем за момент.
Слушајте и обидете се да не заплачете!