
Скајп ја додаде новата функција која се вика „Meet Now“ и ви овозможува да остварите видео повик со било кој без потреба да направите налог.
Бидејќи видео конференцијата стана единствен сигурен начин за компаниите да функционираат во епидемијата на Ковид-19, новата опција им ја олеснува комуникацијата на луѓето.
„Meet Now“ опцијата Скајп ја воведе токму кога неговиот ривал „Zoom“ се соочува со многу проблеми, со приватноста и со неочекуваниот голем број на корисници.
Новата функција нуди слични опции како снимање на состаноци, делење на екранот и заматување на позадината. Оваа функција може да се користи на било кој уред, дури и ако немате инсталирано Скајп апликација а линкот за состаноци не истекува, пишува сајтот „Digit“.