![Словенечка влада: Задолжителен карантин за патниците кои доаѓаат од Македонија](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/24/8051b542-resize-820x0x100.jpg)
Словенечката Влада донесе одлука граѓаните кои патуваат од нашата држава да бидат сместени во 14-дневен карантин.
Одлуката важи и за државјаните на Словенија кои патуваат од земјава.
“Поради влошената епидемиолошка состојба во Северна Македонија, на сите лица кои влегуваат во Словенија од Северна Македонија и имаат постојан или привремен престој во Северна Македонија, им е одреден карантин во траење од 14 дена, без оглед на државјанството или престојот“, образложија од словенечката Влада.