
Во последните неколку години многу Македонци одат на летување во Кипар и оваа држава е редовно на туристичките понуди, но засега Македонија не е меѓу земјите кои ќе можат да влезат во државата. Кипар ќе ги отвори границите и аердоромите на 9 јуни, а во земјата ќе влегуваат државјани од повеќе земји.
Во првата фаза од земјите кои ги сместиле во категорија А или Малта, Грција, Бугарија, Норвешка, Австрија, Финска, Словачка, Унгарија, Израел, Данска, Германија, Словенија и Литванија.
Во втората фаза односно од 20 јуни дозволен е влез на граѓаните од земјите сместени во Б категорија односно од Швајцарија, Чешка, Полска, Романија, Хрватска и Естонија. За другите односно за Велика Британија, Франција, Шпанија и Италија забраната останува, најверојатно до 1 јули.
Македонија не е споменета.