
Скијачките центри оваа сезона ќе може да работат, но согласно протоколите за заштита од ковид-19.
Мислењето дека тие може да работат го дала Комисијата за заразни болести, а Владата денеска го прифатила, а меѓу аргументите тие да бидат отворени е тоа што жичарниците во ски-центрите не се со затворени гондоли.
Изменет е и протоколот за нивна работа во однос на редарската служба пред билетарите и ски-лифтовите со што се предвидува да се држи растојание од 1,5-2 метри. Угостителските објекти ќе работат само на отворен простор и со шалтерска продажба на прибор за еднократна употреба.
Извор:360