Vrabotuvanje.com - Работник во домаќинство (собар) - Мал Лошињ - Jadranka d.d.
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Работник во домаќинство (собар)

Мал Лошињ, Croatia

Application deadline:

  • Jadranka d.d.

Lošinj Hotels & Villas е хотелски бренд на Jadranka hotela d.o.o., член на Групацијата Јадранка од Мал Лошињ, Хрватска, која веќе 70 години важи за една од најголемите хотелски компании во Хрватска. Портфолиото на LH&V се состои од пет хотели меѓу кои е вклучен и првиот хотел со 5 ѕвездички во Лошињ – луксузниот хотел Bellevue, Boutique Hotel Alhambra 5* (член на Small Luxury Hotels of the World), вили и голем број на ресторани. 

Сместувачкиот капацитет на Lošinj Hotels & Villas е над 3.500 гости, со постојано зголемување на бројот на ноќевања од страна на домашни и странски гости. Во изминатите пет години, компанијата инвестираше значителни финансиски средства во подигање на квалитетот на сместувачките капацитети, угостителските објекти и едукација на кадри. 

Ние сме сертифицирани со ISO 9000:2001 сертификати за управување со квалитет, ISO 14001:2004 за управување со влијанието врз животната средина и HACCP стандарди. Нашата цел е да станеме синоним за понуда на најдобар здрав одмор на Медитеранот, како на домашниот, така и на меѓународниот пазар.

Познати сме по својата исклучителна љубезност, гостопримливост и врвна услуга поради која гостите постојано се враќаат да не посетат, и затоа бараме мотивирани, комуникативни и услужни работници на следнaта позиција:

Работник во домаќинство (собар)


Опис на работно место:

  • Подготовка и чистење на соби за гости и јавни површини
  • Грижа за уредност, чистота и хигиена на хотелот, почитувајќи ги стандардите и процедурите на хотелот
  • Професионален и дискретен однос со гостите
  • Обезбедување на редовна достапност на потрошен материјал во хотелските соби и јавните површини, како и правилна употреба на истиот
  • Извршување на сите задачи добиени од страна на претпоставениот

Услови:

  • Стручна спрема: ССС
  • Активно познавање на најмалку 1 странски јазик (англиски)
  • Предност имаат кандидати со работно искуство

Вештини:

  • Брзина, агилност
  • Дискреција во работата
  • Развиени организациски способности и темелност во работата, трудољубивост, сигурност
  • Исклучителна посветеност на одржување на хигиената и квалитетот на објектите
  • Фокусураност на квалитетот на работата и задоволство на гостите
  • Висок степен на одговорност при извршување на работните задачи
  • Насоченост кон тимска работа

Вид на вработување:

  • Сезонска работа со можност за продолжување на договорот на одредено време

Хотелите Јадранка ви нудат:

  • Работа во иновативна и стимулирачка средина
  • Сместување и два оброка (доручек и два топли оброци) без надомест
  • Обезбедена работна облека и обувки
  • Обезбедување на санитарна книшка
  • На основната плата се пресметува минат труд
  • Додатоци на плата за работа во недела, празници, двократна работа, континуирана попладневна работа, повремена ноќна смена
  • Можност за продолжување на договорот за работа за прераспределено работно време (слободни денови) и денови за годишен одмор максимум до 6 месеци работа
  • По истекот на договорот за работа, комеморативна награда за работен однос подолг од 5 месеци
  • Надоместување на трошоците за превоз до местото на живеење по истекот на договорот за работа
  • Вклучување во програмата за наградување
  • Стекнување на искуство со искусни и професионални ментори
  • Едукација и можност за напредок

Ги покануваме сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите во нашиот конкурс да ја испратат својата апликација и кратка биографија преку полето Аплицирај.

Само избраните кандидати кои целосно ги исполнуваат сите горенаведени услови ќе бидат контактирани и поканети на лично претставување.

Ако сакате да бидете дел од мотивирачко окружување во кое целосно ќе го развиете вашиот потенцијал, а ги задоволувате горенаведените услови и критериуми, пријавете се и станете дел од нашиот успешен тим.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Tourism (HoReCa) amounts to 20.094 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more