Затоа што сте:
Ентузијасти,
Професионални,
Посветени,
Ја сакате продажбата!
Бидете дел од Нелт СТ!
ВРАБОТУВАМЕ:
Агент за продажба – реон Охрид и Струга
Кои сме ние?
Нелт СТ e дел од Нелт Група, организациски систем со над 3800 вработени, во 11 компании на територија на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во регионот на потсахарска Африка - во Ангола, Замбија и Мозамбик.
Компанијата е основана во 1998 година со основна дејност - дистрибуција и трговија на големо со прехрамбени и непрехрамбени производи за широка потрошувачка. Наши партнери и клиенти се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, SC Johnson, Dr.Oetker, Hipp, Ipek Kagit, Sebapharma, Natura Siberica, Filippo Berio.
Опис на работната позиција:
- Остварување на продажните цели и унапредување на продажбата
- Shelving/merchandising – Изложување и следење на залиха на производите во соодветна категорија
- Продажба на производи во согласност со постоечките работни упатства и правила
- Развој и унапредување на иницијативите согласно претходно поставени цели и насоки
- Унапредување на вештините, примена на вештини, посветеност за подобрување на продажбата во одредена област.
Услови и компетенци:
- Основни услови: ССС или ВСС
- Корпоративни компетенци: Професионалност, тимска работа, посветеност, иницијатива, победнични дух
- Општи компетенци : Возачка дозвола Б категорија , познавање на работа со компјутер, познавање на англиски јазик
Што нудиме?
- Одлична работна атмосфера
- Можност за развој преку адекватни развојни планови и тренинг програми
- Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на балканот и на афричкиот континент
Доколку сакате да постанете дел од нашиот успешен и динамичен тим и сметате дека ги исполнувате условите на овој конкурс, аплицирајте најдоцна до 04.05.2018 год.
За аплицирање на огласот пополнете ја електронската пријава на следниот линк:
или испратете го Вашето CV на
Нелт СТ, ДООЕЛ
ул.32, бр.20,
1041 Илинден, Скопје
Напомена: Сите пријави ќе бидат разгледани, а само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.