Vrabotuvanje.com - Електротехничар, електромонтер или електроинсталатер - Белгија, Луксембург - TSD Management Groep BV
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Електротехничар, електромонтер или електроинсталатер

Белгија, Луксембург, Netherlands

Application deadline:

  • TSD Management Groep BV

TSD Groep е агенција за запослување на исклучиво технички лица, која има дваесет годишно искуство и експертиза во техничкиот сектор. 
Располагаме со реномирана долгогодишна задоволна клиентела која успешно ја опслужуваме со квалитетен персонал и опрема. 
Поради дефицит на технички лица на холандскиот пазар и енермното зголемување на побарувачката на солиден/квалитетен технички персонал, бараме способни стручни лица од Македонија, кои се спремни нивната кариера да ја градат во Холандија. Потребен е: 

 

Електротехничар, електромонтер или електроинсталатер

 

Опис на работата:

Одржување / поставување на електрични инсталации, разводни ормари, електрични уреди, аларми, системи за видео надзор , вградување на светлосна инсталација и друго.

Работни услови: 

  • Работното време е 8 часа дневно, државни празници како и сабота и недела не се работи. Работата се извршува на локации во Холандија, Белгија и понекогаш Луксмебург. Има шанси за прекувремена работа, во тој случај првите 2 часа се плаќаат 25% дополнително (екстра), а наредните 50% дополнително (екстра). При работа во недела или празник, се плаќа 100% дополнително (екстра), значи дупло се плаќа. 
  • Почетна плата од € 8 до € 13 бруто за час, зависно од возраста и искуството, плус службено возило и гориво, стручна опрема и алат.
  • Почетната плата при успешно функционирање ќе се зголеми во сооднос со тарифите кај клиентот, после период од 6 месеци. Ако работната година биде профитна, следува бонус за секој вработен кој варира од 5-10% од годишната плата.
  • При работа на подалечни локации, првите два часа од патувањето не се плаќаат, другите се плаќаат 70% од вредноста на нормален работен час.

Потребни квалификации: 

  • Средна Стручна Спрема (ССС) електро насока (електротехничар, електромонтер или електроинсталатер).
  • Минимум 3 (три) години работно искуство на соодветната стручна спрема и на наведените позиции од описот на работа.
  • Пол машки, максимална возраст до 45 години.
  • Кандидатот мора да има бугарски пасош и основно познавање на англиски јазик или германски јазик (доволно добро за да може да комуницира со работодавачот).
  • Кандидатот треба да биде спремен да престојува и работи во Холандија, во периоди од 6 (шест) недели до година дена. Максималниот период на престој и работа може да се продолжи на неодредено време, доколку кандидатот се покаже доволно стручен и способен. Значи опцијата за перманенетен престој и работа, постои и зависи индивидуално од кандидатот. 
  • Возачка дозвола минимум Б категорија. 

Кандидатите може да ги доставуваат своите биографии (CV-ја) со мотивациско писмо преку полето Аплицирај, задолжително на македонски и англиски јазик, во период од две недели по објавување на огласот.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Electrical Engineering amounts to 22.219 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more