Vrabotuvanje.com - Градежен Техничар - Скопје - ТАВ Македонија
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Градежен Техничар

Скопје

Application deadline:

  • ТАВ Македонија

 
ТАВ Аеродроми е еден од водечките аеродромски оператори во светот во чија мрежа се аеродромите „Ататурк“ во Истанбул, „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир, „Милас-Бодрум“ и „Газипаша“ во Анталија, сите во Турција. Потоа, аеродромите Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфида-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија, како и Загреб, во Хрватска, сите се оперирани од „ТАВ Aеродроми“. Холдингот, исто така, обезбедува услуги преку своите филијали и во други области на аеродромските операции, што вклучува Бесцарински продавници, Храна и пијалоци, Прифат и отпрема на воздухоплови и патници, ИТ, Обезбедување и други Оперативни услуги. Вклучувајќи ги и своите филијали, „ТАВ аеродроми“ во 2016 година обезбеди услуги за 808.000 летови и повеќе од 104 милиони патници.
 
ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Скопје  како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата
 
ГРАДЕЖЕН ТEХНИЧАР
 
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ
  • Тековно, превентивно и корективно градежно одржување на целокупна инфраструктура на Аеродромите во Скопје и Охрид - станици за ПП, пумпни станици и резервоари, бунари
  • Надворешна ПП инсталација, инсталации за водовод, канализациони системи за атмосферска и фекална канализација
  • Раководење со системот за водоснабдување и резервоарите 
  • Изготвување техничка и друга документација за тековно и инвестиционо одржување на инфрaструктурата
  • Вршење надзор над изведените работи на инфраструктурата и други објекти од градежен дел
  • Изготвување завршни извештаи за завршени работи
  • Работа во затворено и на отворено, во разни временски услови
ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ И ЛИЦЕНЦИ
  • Средно Техничко Образование  (IV степен) – Градежен техничар-Хидро насока 
  • Најмалку 5 години работно искуство во соодветната област
  • Познавање на Англиски јазик 
  • Возачка дозвола - Б категорија
ВЕШТИНИ
  • Комуникациски вештини
  • Одлично планирање и организација
  • Тимска работа
  • Основно поседување на компјутерски вештини
  • Добро познавање на процедури и прирачници за одржување
  • Следење на текот на трендовите и иновациите во областа и вложување во сопственото знаење
Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
 
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV преку полето Аплицирај
 
Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.
 
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Во очекување сме на Вашите апликации!

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Traffic, Transport and Maritime amounts to 24.623 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more