Vrabotuvanje.com - Систем - администратор - Скопје - Алкалоид АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Систем - администратор

Скопје

Application deadline:

  • Алкалоид АД Скопје

Доколку имате желба да бидете дел од тимот креативци и да ги остварите своите амбиции, доколку имате визија за својот личен успех, желба да покажете дека сте единствени, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и доколку размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најуспешните компании во регионот, со внимание проследете го овој оглас.

 

А Л К А Л О И Д   А Д  С К О П Ј Е

го објавува следното слободно работно место: 

Систем - администратор (1 извршител)

 

Потребни квалификации и вештини:
  • ВСС – Факултет за информатички науки (ФИНКИ, ФЕИТ или сличен домашен или странски факултет за информатика).
  • Работно искуство од минимум 2 години со Microsoft-инфраструктура, поддршка на корисници и со проекти за имплементација и за надградба на комплексна инфраструктура.
  • Предност е работно искуство во средна или во голема компанија, особено во ИТ-компанија, на позиција систем-администратор.
  • Искуство во тимска работа, работа со рокови и во поддршка на корисници.
  • Напредно познавање интернет-сервиси и Windows office.
  • Обуки и предзнаења за Microsoft-/Windows-инфраструктура, поддршка на процесна опрема од ИТ-аспект и за поддршка на корисници.
  • Пожелно е поседување сертификати за MCITP, MCP, MCSA, MCSE и др. соодветни сертификати.
  • Активно користење англиски јазик (читање, пишување, говорење).
  • Пожелно е поседување возачка дозвола од Б-категорија.
 
Цел и одговорност на работното место:
  • Управување, поддршка, надградба и одржување на процесна информатичка опрема базирана на Microsoft-платформа и на VMWare-виртуелизација.
  • Системска поддршка на решенија за управување со опрема и со инструменти.
  • Континуирана грижа за инфраструктурата, решавање проблеми и извршување интервенции, поддршка на корисници и на процесна опрема.
  • Работа на проекти со дефинирани рокови и ресурси.
  • Интерна и екстерна комуникација со претпоставен, колеги од ИТ-одделот, внатрешни корисници и со надворешни соработници.
 
Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. 

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 7:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок. 

Предвидената основна нето-плата за позицијата е од 26.565,00 МКД до 41.310,00 МКД, во зависност од работното искуство, стручните обуки, предзнаењата и од сертификатите на кандидатот.

Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават електронски преку полето Аплицирај, со назнака: „За оглас: Систем - администратор“.

При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување. 

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со членот 23 од Законот за работни односи.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more