This ad is not active. Ad application not possible.
Сакаш да знаеш колку заработуваат другите на твоето работно место? Сега е лесно!
Македонија
Application deadline:
Доколку имате желба да бидете дел од тимот креативци и да ги остварите своите амбиции, доколку имате визија за својот личен успех, желба да покажете дека сте единствени, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и доколку размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најуспешните компании во регионот, со внимание проследете го овој оглас.
А Л К А Л О И Д А Д С К О П Ј Е
го објавува следното слободно работно место:
Стручно комерцијален претставник (2 извршители)
Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот.
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 7:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Предвидената основна нето-плата за позицијата е од 15.400,00 МКД до 26.565,00 МКД, во зависност од работното искуство на кандидатот.
Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават електронски преку полето Аплицирај, со назнака: „За оглас – Стручно комерцијален претставник“.
При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.
Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со членот 23 од Законот за работни односи.
Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!