Vrabotuvanje.com - ВОЗАЧ - Скопје - Кам маркет
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

ВОЗАЧ

Скопје

Application deadline:

  • Кам маркет

КАМ е единствен синџир на маркети во Македонија, кој ги применува основните принципи на хард дисконт: висок квалитет и постојно ниски цени. Со препознатлива мрежа од 62 маркети постојано сме блиску до нашите купувачи. 
 
Поради понатамошен развој, Компанијата има потреба од:
 

ВОЗАЧ

Реон Скопје
 
Потребни квалификации:
  • Средно образование;
  • 2 години работно искуство;
  • Здрава личност; силна и издржлива во работите;
  • Брзо учење и познавање на артиклите во Магацинот;
  • Возачка дозвола Ц-категорија.
 
Работни задачи: 
  • Утовар, превоз и дистрибуција на производите по дефинирани релации;
  • Водење грижа за техничката исправност на возилото, негова чистота и редовно одржување;
  • Водење грижа за исправноста на сигналните уреди, кочниците, работата на моторот и сé што е потребно за исправно вклучување во јавниот сообраќај;
  • Контролирање и водење евиденција за потрошувачката на гориво;
  • Водење на уреден патен налог со датумот, часот и местото на движење со возилото;
  • Водење грижа за исправноста на документите за возилото и стоката која се дистрибуира (сообраќајна дозвола, товарни листови, испратници и друга пропратна документација);
  • Водење евиденција при примопредавање на робата со одговорниот од маркетот;
  • Известување за дефекти на возилото кај својот претпоставен.
 
Ние нудиме:
  • Плата 18.000 денари + бонуси (15-20% од основната плата);
  • Пријатна работна атмосфера
 
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) користејќи го полето „Аплицирај“. 
 
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница
 
 
 
 
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more