Vrabotuvanje.com - Личен асистент на генерален директор - Скопје - Вивакс
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Личен асистент на генерален директор

Скопје

Application deadline:

  • Вивакс

 
"Вивакс" е македонска компанија која постои повеќе од 20 години и брои повеќе од 100 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
 
Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
 
ЛИЧЕН АСИСТЕНТ НА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР
 
Одговорности и задачи:
  • Организирање и осмислување на работата на менаџерскиот тим, со креирање на база на податоци за состаноците и дневната агенда на обврските.
  • Вршење на деловна коресподенција од македонски на англиски јазик и превод на истата од англиски на македонски јазик и применетите акти од англиски на македонски јазик.
  • Примање и воспоставување на телефонски повици, прием и најава на посетители и клиенти.
  • Креирање на записници од деловни состаноци и средби.
  • Спроведува истражувања и составува извештаи врз основа на податоците од истите.
  • Организира состаноци и ги подготвува потребните документи за истите.
  • Врши набавка на канцелариски материјал.
  • Дава административна поддршка на канцелариската администрација.
  • Врши работи доделени од страна на членовите на менаџерскиот тим.
Потребни квалификации:
  • Завршено Високо образование се смета за предност.
  • Минимум 1 година работно искуство на иста или слична работна позиција.
  • Активно користење на MS Office.
  • Одлично познавање на Англиски јазик (усмена и писмена комуникација).
Од кандидатот очекуваме:
  • Способност за работа во тим.
  • Самоиницијативност, доверливост, исполнителност, чесност и лојалност.
  • Организираност и одговорност.
  • Одлични комуникациски и организациски вештини (вербални и пишани).
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови
Ви нудиме:
  • Можност за стекнување на знаење и искуство.
  • Можност за напредување во работата.
  • Обезбеден оброк.
  • Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Аплицирај со задолжителна назнака “ЛИЧЕН АСИСТЕНТ’’.
 
Конкурсот е отворен 7 работни денови од неговото објавување (од 23.04.2018 до 02.05.2018).
 
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more