"Вивакс" е македонска компанија која постои повеќе од 20 години и брои повеќе од 100 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
ПОМОШНИК ШЕФ НА МАГАЦИН
Одговорности и задачи:
- Активно учество во организирање, насочување и координирање на магацинското работење.
- Помага во процесот на примање на производи, нивно складирање и чување (на начин пропишан со закон).
- Помага на одговорниот за магацинот, во процесот на испорака на готови производи по добиен налог за испорака и одговара за точноста, видот и количеството на испорачаните производи, согласно налогот, а соодветно внесени во испратницата и товарниот лист.
- Учествува во ажурирање на документацијата во магацинот.
- Учествува во мерењето и квантитативниот прием на сите производи, кои што влегуваат во магацинот.
- Врши задачи кои ќе му бидат доделени од страна на шефот на магацинот.
Потребни квалификации:
- Минимум ССС.
- Со или без работно искуство.
- Работно користење на MS Office.
- Пожелно е познавање на Англиски јазик.
- Како предност се зема познавање на материјално работење.
Од кандидатот очекуваме:
- Способност за работа во тим.
- Самоиницијативност, исполнителност и чесност.
- Организираност и одговорност.
- Одлични комуникациски и организациски вештини.
- Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
Ви нудиме:
- Можност за стекнување на знаење и искуство, од искусни обучувачи кои се долгогодишни членови на тимот на Вивакс.
- Можност за напредување во работата.
- Обезбеден оброк.
- Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Аплицирај со задолжителна назнака “ПОМОШНИК ШЕФ НА МАГАЦИН’’.
Конкурсот е отворен 7 работни денови од неговото објавување (од 23.04.2018 до 02.05.2018).
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!